Лапорта: Не ни требаат нови играчи зимава, имаме тим кој може да ја освои титулата

166

Претседателот на Барселона Жоан Лапорта ја коментираше состојбата на клубот признавајќи дека повторно заостануваат во однос на финансискиот фер-плеј, бидејќи им требаат 26 милиони евра за да ги балансираат нивните финансии. Лапорта зборуваше и за Лео Меси и неговото заминување од Барса како и тоа дека сегашниот тим е кадарен да биде шпански шампион.

Морав да ги ставам интересите на Барселона над најдобриот играч во историјата на фудбалот. За време на економскиот колапс немав можност да го задржам. Мислам дека тоа беше најдобрата одлука за клубот. Плачев кога Меси го освои Светското првенство. Беше многу важно за Лео“, изјави Лапорта.

Тој повтори дека освојувањето на Ла Лига е приоритет број 1 за Барса:

Сакаме што повеќе трофеи, но Ла Лига е најважна. Имаме постојани разговори со Чави, разговараме за се. Фокусирани сме на освојување на шампионатот и имаме тим да го постигнеме тоа“.

Лапорта коментираше за зимскиот преоден рок:

Нема да има трансфери доколку не се случи нешто неочекувано. Ја завршивме нашата работа летото и тренерот е среќен. Oсман Дембеле не е на продажба. Тој е еден од нашите најважни играчи. Ансу Фати исто така не е на продажба. Нема да дадеме 80 милиони евра за Бернардо Силва. Халанд? Го имаме Левандовски на кој во моментов му оди многу добро“.

За финансиската ситуација во клубот:

За да ги балансираме нашите финансии потребни ни се приходи од 26 милиони евра. Тоа е сумата што ја загубивме откако бевме исфрлени од Лигата на шампионите. На пример, ако стигнеме до финалето на Лига Европа, ќе добиеме 21 милион. Со додавање на пријателските натпревари, ќе ги имаме потребните приходи. Го вративме престижот на клубот и има инвеститори и спонзори кои се заинтересирани за Барса“, изјави претседателот на Каталонците.

Лапорта не се откажува од проектот за Суперлигата:

Во март или април ќе ја добиеме одлуката на судот. Ако одлуката е поволна, мислам дека Суперлигата ќе биде реалност во 2025 година. Мислам дека на почетокот англиските клубови нема да учествуваат, но сакаме тие да бидат дел од проектот“.

ПретходноАкадемија Пандев го донесе бекот Георгие Јанкулов
СледноБугаринот Милев во нападот на Шкендија