Во меч од 17.коло во турската Суперлига, тимот на Адана Демирспор со 6:0 го “распарчи“ составот на Истанбулспор. За нас интересно е тоа што во двата тима стартери беа двајца наши интернационалци. За домашниот состав мечот го започна младиот стопер Јован Манев, и го одигра целиот натпревар, додека за гостите мечот го започна Валон Етеми, но и тој не помогна да се избегне катастрофалниот пораз.