Натпреварот меѓу Лече и Лацио (2:1) од 16. коло во Серија А вчера беше накратко прекинат поради жестоки расистички скандирања против двајца играчи на домаќините, светскиот шампион со Франција Самуел Умтити и Замбиецот Ламек Банда.
Навивачите на Лече се обидоа да ги задушат скандирањата на гостинските навивачи со извици „Умтити, Умтити“, а поддршката која ја доби од домашните навивачи го расплака 29-годишниот Французин, кој игра за италијанската екипа како позајмен од Барселона.
По мечот од Лече не пропуштија да го одбележат инцидентот со објава на социјалните мрежи.
„Расистичките скандирања беа задушени со охрабрувачки скандирања. Сите навивачи на „Џалоросите“ почнаа да скандираат само едно име, Самуел Јумтити“, напишаа од клубот.
И претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, не остана рамнодушен.
„Солидарност со Самуел Јумтити и Ламех Банда. Да викнеме јасно и гласно, НЕ ЗА РАСИЗМОТ!“, напиша првиот човек на светскиот фудбал.
𝑰 𝒄𝒐𝒓𝒊 𝒓𝒂𝒛𝒛𝒊𝒔𝒕𝒊 𝒔𝒐𝒏𝒐 𝒔𝒕𝒂𝒕𝒊 𝑺𝑶𝑴𝑴𝑬𝑹𝑺𝑰 𝒅𝒂 𝒒𝒖𝒆𝒍𝒍𝒊 𝒅’𝒊𝒏𝒄𝒐𝒓𝒂𝒈𝒈𝒊𝒂𝒎𝒆𝒏𝒕𝒐! 𝑻𝒖𝒕𝒕𝒐 𝒊𝒍 𝒑𝒐𝒑𝒐𝒍𝒐 𝒈𝒊𝒂𝒍𝒍𝒐𝒓𝒐𝒔𝒔𝒐 𝒉𝒂 𝒊𝒏𝒊𝒛𝒊𝒂𝒕𝒐 𝒂𝒅 𝒖𝒓𝒍𝒂𝒓𝒆 𝒖𝒏 𝒔𝒐𝒍𝒐 𝒏𝒐𝒎𝒆 @samumtiti !
#KeepRacismOut @SerieA pic.twitter.com/wqGWCOGDQ7
— U.S. Lecce (@OfficialUSLecce) January 4, 2023