За некои неочекувано, но не и за оние ги знаат приликите во ФК Пелистер. Марјан Секуловски доби отказ, а Бобан Бабунски од денеска е и официјално нов тренер на Пелистер. Досегашниот стратег на Победа, со која се раздели денови, имаше успешни преговори со раководството на битолчани, па така тој сега ќе седи на клупата на Пелистер.
Бабунски има договор до јуни оваа година, се разбира со можност истиот да се продолжи, а деновиве ќе биде извршена промоцијата.