Резервниот голман на репрезентацијата на Аргентина, која е освојувач на златниот медал од Мундијалот во Катар, Херонимо Руљи е нов играч на тимот на Ајакс.
Досегашниот чувар на мрежата на Виљареал преминува во гигантот од Амстердам, за сума од 10 милиони евра, кја што истата може да стигне и до 15 во зависност од настапите на аргентинецот.
Триесет годишниот Руљи има зад себе богато искуство од настапи во Аргентина, Франција во Монпеље, и Шпанија каде што беше член и на Реал Сосиедад. Своевремено беше дел и од Манчестер Сити, но без поголема минутажа.