Тренер кој што им се извинува на играчите не е сцена која често се случува во фудбалот. Сепак, актуелниот предводник на Монца очигледно нема проблем да признае грешка.
Рафаеле Паладино, предводникот на тимот на Берлускони, која засега е одличен на кормилото на Монца со просек од 1,73 освоени бода по натпревар, вчера призна дека комплетно ја погрешил тактиката за мечот со Фиорентина.
Монца ја започна 2023 година со реми 1-1 против Фиорентина во Фиренца, но во првото полувреме домашните имаа предност, па Монца се спасуваше во вториот дел.
„Го ставив тимот во потешкотии со погрешно читање на некои ситуации на играта. Им се извинив на момчињата на полувремето. Имавме среќа, бидејќи можевме да бидеме во двојна неповолна положба. Во второто полувреме изменив и приспособив некои работи во тимот. Одигравме храбро. Можевме да победиме, но продолжуваме да растеме и горди сме на нашето претставување“, изјави италијанскиот тренер.