Уплатил ливче со добивка од 17.000 евра, сега обложувалницата не му го признава!

775

Мундијалот во Катар засекогаш ќе остане во сеќавање на 30-годишниот Англичанец Лиам Манифолд, кој успешно предвиде се што се случи на крајот од Мундијалот.

Тој ставил 10 фунти во светски познатата обложувалница „Корал“, иако ливчето е добитно, сепак на крајот не ја добил посакуваната сума.

Овој Британец пред почетокот на Мундијалот се обложил дека Франција и Аргентина ќе играат во финалето на Мундијалот, дека Аргентинците ќе го кренат пехарот и дека Лионел Меси ќе биде прогласен за најдобар фудбалер на првенството.

Сето тоа се случи и Манифолд требаше да земе 17.000 евра. Но, тоа не се случи, а обложувалницата „Корал“ му понудила утешна награда од 750 евра.

Причината е што во оваа кладилница процениле дека облозите се премногу поврзани еден со друг и дека коефициентот не бил онаков каков што навистина требало да биде.

„Отидов да ги земам парите и ми рекоа дека не требало да биде ставено во понудата, на крајот ми понудија 750 евра. Поминав низ нивниот систем за жалби, нема повлекување“, рече Манифолд.

Овој несреќен Британец моментално веќе има поднесено жалба и чека одговор од обложувалницата.

ПретходноОткажана денешната трка „Снежна кралица“ на „Сљеме“
СледноХоландија, противникот на Македонија издржа едно полувреме против Франција