Пред стартот на Светското првенство кое ќе се одржи во Шведска и Полска, дел од репрезентациите ги прават последните тестови. Една од нив е селекцијата на Холандија, вториот противник на македонската репрезентација на Мундијалот.
Оваа земја која се соочува со Ковид-проблеми, одигра пријателска средба против Франција и беше совладана со убедливи 43-32. Имаше сили само за едно полувреме (19-18), а потоа во вториот дел целосно се распадна. По одморот ракометарите на Холандија имаа проблем со одбраната, нападот беше добар, но недоволен за да се добие една Франција.
Прв стрелец кај Холандија беше лидерот Стеинс со 6 гола, Смитс имаше само два гола.