Чикаго ја прекина серијата од 12 победи на Бруклин, Детроит го запре шампионот (ВИДЕО)

87

Кошаркарите на Детроит го победија Голден Стејт со 122:119, со „тројката“ на Садик Беј на крајот од натпреварот. Беј мечот го заврши со 17 поени, а најефикасен во победничкиот тим беше Бојан Богдановиќ со 29 поени. Актуелниот шампион Голден Стејт ја прекина серијата од пет победи, а најефикасен беше Клеј Томпсон со 30 поени. Џордан Пул постигна 24 поени со шест асистенции, додека Стивен Кари, кој го пропушти 10-от последователен натпревар поради проблем со рамото, би можел да се врати на теренот на 13 јануари.

Кошаркарите на Чикаго го победија Бруклин со 121:112 и ја прекинаа серијата од 12 победи на Нетс. Демар Дерозан и Патрик Вилијамс ги предводеа Булси со по 22 поени и седум скока, додека Никола Вучевиќ додаде 21 поен и 13 скока.

Во тимот од Бруклин најдобар беше Кевин Дурент со 44 поени, од кои 28 постигна во првото полувреме, додека Кајри Ирвинг постигна 25 поени со осум асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Мемфис 107-131

Кливленд – Феникс 90-88

Орландо – Оклахома 126-115

Филаделфија – Индијана 129-126 (прод.)

Њујорк – Сан Антонио 117-114

Торонто – Милвоки 101-104 (прод.)

Чикаго – Бруклин 121-112

Минесота – Портланд 113-106

Њу Орлеанс – Хјустон 119-108

Голден Стејт – Детроит 119-122

ЛА Лејкерс – Мајами 112-109

Сакраменто – Атланта 117-120

ПретходноБрентфорд донесе засилување од Фрајбург
СледноЃоковиќ се намачи за пласман во четвртфиналето во Аделаида