СП 2018 во Русија и онака беше само по себе контроверзно поради изборот на домаќинот, но она што го изјавува Андреј Канчелскис, поранешен репрезентативец на Русија, некогашна голема ѕвезда на Манчестер Јунајтед навистина е шокантно.
Тој за порталот MatchTV.ru изјавува дека целиот Мундијал бил наместен, а посебно мечот од елиминациската фаза меѓу Русија и Шпанија.
“Речиси целото СП 2018 беше наместено, преполно со корупција. Зарем јас требаше да навивам за таа селекција која ги купуваше натпреварите? Игравме дома и бевме влечени за уши како Ј. Кореја во 2002 година. Ние во последниот меч од групната фаза намерно загубивме од Уругвај, само за да во 1/8 финалето играме со Шпанија“ потенцира Канчелскис.
Инаку познато е дека тој меч во регуларниот дел заврши со резултат 1:1, па потоа на пенали Русија ја совлада Шпанија.
Е сега се поставува прашање, ако навистина е наместен тој меч, зошто Русија не победила во регуларниот дел..
“Зарем некогаш не сте се запрашале зошто селекторот на Шпанија си замина онака, а селекцијата ја презеде Фернандо Хиеро. Па сите што разбираат фудбал, знаат дека на тој меч Шпанија намерно ништо не играше. На СП дојде шпанскиот крал и тогаш беше направен договорот. Не можам сега да говорам за деталите, но во блиска иднина ќе се дознае што навистина се случуваше на тој Мундијал“ изјави Канчелскис.
Навистина шокантно, но искрено по малку и чудно.
По се она што го кажува тој дали вреди да им се верува на неговите зборови или не.