Ѓоковиќ се намачи за пласман во четвртфиналето во Аделаида

164

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Аделаида, откако во два сета со 7:6, 7:6 го совлада 64. светски играч, Французинот Квентин Халис.

Халис одлично го започна натпреварот поведе со 5:2, а Ѓоковиќ успеа да се врати во деветтиот гем и да намали на 4:5. Потоа тенисерите добија гемови на свои сервиси и се одигра тај-брејк кој Ѓоковиќ го доби со 7:3.

Во вториот сет немаше брејк и повторно се играше тај-брејк кој српскиот играч го доби со 7:5.

„Мојот противник прикажа одлична игра и сакам да му честитам на големата борба. Играше како тенисер од топ 10. Добро сервираше и на ваков брз терен беше тешко да се пробие, па двата тај-брејка денеска беа реални. Мило ми е што го надминав предизвикот“, изјави Ѓоковиќ.

Во четвртфиналето Србинот ќе игра против 18. тенисер во светот, Канаѓанецот Денис Шаповалов, кој со 6:4, 6:3 го совлада Русинот Роман Сафиулин.

ПретходноЧикаго ја прекина серијата од 12 победи на Бруклин, Детроит го запре шампионот (ВИДЕО)
СледноЧави по синоќешното мачење во Купот: Ова е второ предупредување за нас