Ѓоковиќ се огласи по повод забраната да влезе во САД

477

Новак Ѓоковиќ засега нема право да влезе во САД, а со тоа да настапи на двата мастерси, Мајами и Индијан Велс. Во оваа земја и натаму се на сила мерките за Ковид-19, поточно правилото дека странски лица можат да влезат само доколку се вакцинирани.

Добро е познато дека српскиот тенисер е антиваксер, па доколку не се промени тој нема да може да се бори за 2.000 АТП бодови.

„Го видов тоа, но мислам дека сè уште не е официјално. Кога ќе биде официјално, можеме да разговараме за тоа“, рече Ѓоковиќ, а потоа новинарите му го цитираа официјалниот документ со кој се потврдува оваа одлука.

“Значи, официјално е, но што да правам? Ништо. Вие ја знаете мојата ситуација. Се надевам дека ќе играм, а ако не можам да одам, тогаш не можам”, рече Новак.

ПретходноХоландија, противникот на Македонија издржа едно полувреме против Франција
СледноШкендија се пофали со Мујезиновиќ