Холандскиот репрезентативец Дејли Блинд како слободен фудбалер му се приклучи на Баерн Минхен. Тој го напушти Ајакс и се пресели во Бундес лигата, во најтрофејниот клуб и актуелен шампион на Германија.
„Едвај чекам да играм. Пред нас е најважниот дел од сезоната, се решава за титулите, а клуб како Баерн атакува на трофеи. Токму гладот за трофеи беше клучен да го одберам овој тим“, изјави Блинд.
Договорот на искусниот холандски бек е до крајот на сезоната.