Екипата на Шкендија ќе го засилува нападот со бугарски интернационалец. Пред потпис со тетовските црвено-црни е Наско Милев кој има 26 години и е поранешен фудбалер на Ботев, Славија Софија и Локомотив Софија.
Тој е поранешен младински репрезентативец на Бугарија, а последен клуб му бил Паневежис од Литванија. Се е договорено со него, тој доаѓа како слободен фудбалер, па се чека уште официјална промоција.