Распродадени се билетите за утрешниот дуел меѓу Хрватска и Македонија во Пореч!

1113

Нашата ракометна селекција, во рамките на подготовките за претстојниот Мундијал во Полска и Шведска, како што е познато ќе учествува на “Кроација Купот“ во Пореч (Хрватска) кој утре почнува.

Четата на Кире Лазаров утре ја игра првата средба, и тоа со “коцкестите“ со почеток од 20:15 часот, а интересни вести ни доаѓаат од Истра, од Пореч. Имено според тамошните медиуми, за утрешниот меч владее огромен интерес, билетите се распродадени, па така Хрватска и Македонија ќе играат пред преполни трибини.

Секако дека и името на нашиот селектор Кире Лазаров и тоа како нешто значи за љубителите на ракометот во Хрватска, ако се знае дека тој неколку сезони играше во Загреб и важи за еден од најдобрите ракометари во историјата.

Кога сме кај нашата селекција, токму Лазаров не може да смета на Филип Талески, Никола Митревски и Цветан Кузманоски кои останаа во Скопје и ќе работат индивидуално.

По дуелот со Хрватска, следниот ден Македонија се среќава со селекцијата на Израел.

Претходно“Лавовите“ утре на мегдан со Колхети Коби во рамките на „Арена Купот 2023“ во Медулин! (ФОТО)
СледноВеднаш почна да се однесува како газда во Ал Наср: Роналдо сака да му го доведат Пепе!