Дејан Ловрен, и официјално се врати во Лион. Неговиот старо – нов клуб му плати на Зенит 2 милиони евра отштета, но вистинската причина зошто хрватскиот стопер го напуштил тимот од Санкт Петербург, а откриваат руските медиуми.
Имено според нив, а ова се пренесува и во дел од хрватските медиуми, Ловрен сакал да остане во Зенит, но фатално за него било тоа што на прославата по враќањето од Катар, тој заедно со Брозовиќ поздравувале со усташкиот поздрав – За дом спремни!
Ова не можело да помине така лесно кај Русите, па затоа едноставно го „замолиле“ Хрватот како знае и умее да си оди од Русија.
Дури потоа Лион се наметнал како негова опција за продолжување на кариерата.