Мундијалот во Катар засекогаш ќе остане во сеќавање на 30-годишниот Англичанец Лиам Манифолд, кој успешно предвиде се што се случи на крајот од Мундијалот.
Тој ставил 10 фунти во светски познатата обложувалница „Корал“, иако ливчето е добитно, сепак на крајот не ја добил посакуваната сума.
💰💸⚽️ Liam Manifold se la jugó con el pálpito mundialista y acertó el desenlace de la competencia, aunque se oponen a darle el total. https://t.co/KGIZCfeHHW
— Diario Olé (@DiarioOle) January 5, 2023
Овој Британец пред почетокот на Мундијалот се обложил дека Франција и Аргентина ќе играат во финалето на Мундијалот, дека Аргентинците ќе го кренат пехарот и дека Лионел Меси ќе биде прогласен за најдобар фудбалер на првенството.
Сето тоа се случи и Манифолд требаше да земе 17.000 евра. Но, тоа не се случи, а обложувалницата „Корал“ му понудила утешна награда од 750 евра.
Причината е што во оваа кладилница процениле дека облозите се премногу поврзани еден со друг и дека коефициентот не бил онаков каков што навистина требало да биде.
„Отидов да ги земам парите и ми рекоа дека не требало да биде ставено во понудата, на крајот ми понудија 750 евра. Поминав низ нивниот систем за жалби, нема повлекување“, рече Манифолд.
Овој несреќен Британец моментално веќе има поднесено жалба и чека одговор од обложувалницата.