Челзи предмалку и официјално го потврди трансферот на Бенуа Бадијашил , кој беше привлечен од Монако за 38 милиони фунти. Дефанзивецот кој има 21. година потпиша долгорочен договор откако претходно денеска ги помина медицинските прегледи. Неговиот договор е на седум и пол години, до летото 2030 година.
Иако се работи за млад фудбалер, Бадијашил веќе има сериозно искуство, откако забележа речиси 150 настапи во сите натпреварувања за Монако. Тој неодамна дебитираше и за француската репрезентација.
„Многу сум среќен што сум овде. Возбуден сум што почнав да играм за овој клуб. Едвај чекам да ги видам навивачите и да играм во најдобрата лига на светот“, изјави Бадијашил н самата промоција.