Сити победи со 1:0 на гостувањето кај Челзи во Лондон и ја продолжи битката со Арсенал за титулата во Премиер-лигата. Резервите Ријад Махрез и Џек Грилиш му донесоа победа на актуелниот шампион.
Пеп Гвардиола ги внесе во игра во 60. минута, а три минути подоцна Гралиш асистираше до Махрез, кој погоди за 1:0 и три бода за Сити.
По натпреварот шпанскиот тренер беше задоволен, се пофали за промените што ги направи.
“Јас сум генијалец. По Евертон ме прашаа зошто не направив никакви промени до 81-та минута. Размислив за тоа и направив неколку промени. Можевме да загубиме, но сега сме во добра ситуација и заостануваме само пет бода. Имаме три бода колку помалку играме“, изјави Гвардиола и потоа додаде:
„Веќе во ноември многумина веруваа дека ние сме шампиони, во Премиер-лигата не функционира така. Другите тимови го немаат тој притисок, бидејќи во септември не се зборува дека тие ќе ја освојат лигата, туку дека Сити ќе го освои. По четири победи во лигата за пет години не е лесно да се повтори тоа. Затоа сум многу среќен со досегашните успеси“.