Кан: Сите освен Баерн пријавуваат загуби, очекуваме, конечно, да бидат изречени казни

285

Баерн постојано ги „пецка“ своите конкуренти потсетувајќи ги на финансиските регулативи на УЕФА. Германскиот првак постојано се обидува да биде финансиски стабилен, нивните сметки се чисти, а од друга страна тие ја потсетуваат УЕФА и другите клубови да го почитуваат финансискиот фер-плеј.

Легендарниот Оливер Кан не споменуваше директно клуб, но се надоврза на темата околу неправилностите во Јувентус кои УЕФА ги толерира.

За мене е мистерија како такви работи можат да се случуваат кога постојат регулативи. Очекувам, конечно, да се почне со спроведување на прописите и казнување на прекршителите“, изјави Кан.

За нас е иритирачки што со години работиме совесно и одговорно, додека голем број на клубови постојано пријавуваат загуби меѓу 50 и 150 милиони евра“, додаде Кан.

Тој ја спомена и одлуката на ФИФА да организира СП за клубови со 32 клуба, потсетувајќи дека ЕКА (Асоцијацијата на европски клубови) не дала одобрување за такво нешто.

Договорот меѓу ФИФА и ЕКА кој ја регулира соработката, како и за надокнади за настап на играчи во националните тимови, истече во 2022 година. Се додек не биде склучен договор со клубовите, со членките на ЕКА, нема да има СП за клубови“, заклучи Германецот.

ПретходноШпанските клубови можат да здивнат: Еден од најомразените судии оди во пензија
СледноНовак го совлада Шаповалов и закажа полуфинале со Медведев во Аделаида