Бурхан Мустафа е новото име во таборот на Академија Пандев. Искусниот голман кој во есенскиот дел беше во составот на Гостивар вечерва од страна на “пандевци“ беше промовиран како нивни нов член. Се чини дека тој доаѓа на местото на Марко Јовановски кој по завршување на есенскиот дел си замина од А. Пандев.
Мустафа и А. Пандев потпишаа договор до крајот на сезоната. Инаку Бурхан Мустафа кој има 32 години, досега покрај тимот на Гостивар, има браеното и за Работнички, Борец, Дрита, Шкупи и косовскиот Феризај.