Саутемптон го претстави Оршиќ

162

Досегашниот играч на тимот на Динамо Загреб, Мислав Оршиќ и официјално е нов член на тимот на Саутемптон. Офанзивецот замина во последнопласираниот тим од Премиер лигата за да му помогне да се спаси од најлошото сезнава, и а да биде дел од серијата на екстра трансфери кои Динамо ги прави годиниве.

Тој замина за шест милиони евра и ќе биде едно од неколкуте нови имиња во клубот кој решава да направи мини реконструкција за да тргне сезната на подобро.

Оршиќ одигра фантастични две сезони, играше и на Мундијалот за Хрватска и го постигна еден од најубавите голови на турнирот.

 

ПретходноВан Дајк паузира еден месец
СледноГранеруд е освојувач на „Четирите скокалници“