Екипата на Бостон го совлада Далас на гостински терен со убедливи 95-124 во лоша вечер на Лука Донќич. Словенецот постигна 23 поени, но со катастрофална реализација, од игра имаше 7/17, додека за три поени не погоди ништо 0/6. Зад своето име запиша 9 скока и три асистенции.
Во редовите на победничкиот тим Тејтум имаше 29 поени, 14 скока и 10 асистенции.
Денвер ја продолжува трката за првото место со Мемфис во Западот, има скор од 25-13, додека Далас е на четвртото место со 22-17, Клиперси се шести со 21-19.
Финскиот кошаркар Лаури Маркканен ја предводеше Јута до победа од 114-131 на гостувањето кај Хјустон. Финецот запиша 49 поени и 8 скока. На другата страна Грин имаше 30 поени.
Резултати: Орландо – Мемфис 115-123, Далас – Бостон 95-124, Хјустон – Јута 114-131, Денвер – ЛА Клиперс 122-91.