Халвор Гранеруд од Норвешка и официјално е освојувач на турнејата Четири скокалници за оваа година.
Тој во Бишофсхофен попладнево прескокна 157 односно 143,5 метри со што дефинитивно се пласираше пред Ланишек и Кубацки.
Со три победи од четирите скокалници Гранеруд бодовно убедливо триумфираше, а единствено не обезбеди највисок пласман во Инсбрук каде што најдобар беше токму Кубацки.