Екс-англиски репрезентативец на голот на Манчестер Јунајтед

157

Откако решија да го вратат Мартин Дубравка во Њукасл, Манчестер Јунајтед ангажираше нов чувар на мрежата, поточно резерва на стартерот Давид Де Геа. Нов член на „Црвените ѓаволи“ е Џек Батленд кој потпиша договор на шест месеци и доаѓа од Кристал Палас.

Така Јунајтед ќе има тројца голмани во пролетниот дел од сезоната, а на клупата е уште ветеранот Том Хитон.

Дубравка е отповикан и сега ни требаат тројца искусни голмани. Имаме млади голмани и добро им оди, но имаме толку многу натпревари што ни требаат тројца добри голмани на тренинзите. Што може да му донесе Батленд на нашиот тим? Навистина сум среќен со Де Хеа, тоа е сосема очигледно, тој е нашиот број еден, но мораме да бидеме подготвени за фактот дека нешто секогаш може да се случи и затоа треба да имаме квалитетна замена“, изјави Тен Хаг.

Батленд беше и член на англиската репрезентација. Оваа сезона не одигра ниту еден меч за Палас.

ПретходноБлинд го засили Баерн: Гладот за трофеи беше клучен да дојдам во овој тим
СледноГвардиола: Јас сум генијалец!