Замалек се повлече од египетскиот шампионат: Не сакаме да учествуваме во оваа фарса

1051

Натпреварот меѓу Замалек и Ел Дахлеја заврши со резултат 1:1, што значи дека по 12 кола на првенството на Египет славниот Замалек заостанува пет бодови во однос на вечниот ривал Ал Ахли.

По мечот следуваа жестоки обвинувања од страна на првиот човек на Замалек, Мортад Мансур кој донесе одлука клубот да се повлече од египетската Премиер лига сезонава.

Одлучивме да не учествуваме во оваа фарса која ја водат ЕФА (Египетскиот фудбалски сојуз) и судиите, односно ги фаворизираат нашите противници и му ја поклонуваат титулата на нашиот ривал“, изјави Мансур.

Првиот човек на Замалек, познат како контроверзна личност, стави двајца играч на трансфер листата затоа што конзумирале марихуана иако двајцата требало да бидат стартери на споменатиот меч.

Ахмед Фатух и Абдалах Гома биле под влијание на марихуана. Го омаловажија клубот. Кога дознаа дека пред мечот ќе има тестови за допинг, одлучија да не играат. Им реков, кога ќе бидат познати резултатите, двајцата ќе бидат на трансфер листата. Фатух дури ми рече дека ќе оди во Ал Ахли (најголемиот ривал на Замалех). Му реков, добро, нека ми дадат понуда“, изјави Мансур.

Тој прво најави дека ќе им ги намали платите на сите фудбалери за 20 отсто, а продолжи со тврдењата дека клубот нема да продолжи да игра во египетското првенство додека не се промени раководството.

Замалек следниот меч треба да го игра против шестопласираниот Ал Итихад.

ПретходноСите пет претходни тренери на Челзи изгубиле од Пеп
СледноВан Дајк паузира еден месец