Наско Милев потпиша за Шкендија: „Дојдов во еден од најдобрите балкански клубови“

892

Вчера СПОРТМЕДИА го најави, а денеска Шкендија го потврди своето ново засилување во нападот, бугарскиот интернационалец Наско Милев. Тој е четвртото засилување оваа зима за тетовската екипа, а потпишана е соработка на 1,5 години со опција да биде продолжен договорот доколку двете страни се задоволни.

26-годишниот фудбалер, роден во Пловдив, доаѓа како слободен играч откако ги заврши обврските со литванскиот Панавежис. Инаку во кариерата играл за Ботев Пловдив четири сезони, потоа и за софиските Славија и Локомотив.

Ова е еден од најдобрите балкански клубови и чест ми е што ќе играм за Шкендија. Клубот има фантастични навивачи, традиција, историја и високи цели. Дојдов да помогнам да ги оствари тие цели. Верувам дека со моите голови ќе помогнам да се освои титулата“, изјави Милев.

No image

ПретходноРакометарите на „мегдан“ против Хрватска пред полни трибини!
СледноШпанските клубови можат да здивнат: Еден од најомразените судии оди во пензија