Недопирлив: Чеферин со акламација ќе го добие третиот мандат на чело на УЕФА!

156

И сега дефинитивно е јасно дека во УЕФА, барем кога станува збор за првиот човек на Европската куќа на фудбалот нема да има промени. Имено Александер Чеферин со акламација ќе го добие својот трет мандат како претседател на УЕФА. Ова стана јасно откако никој не се пријави да му биде против-кандидат на Словенецот па така тој на изборниот конгрес на УЕФА на 5 април во Лисабон ќе биде единствен кандидат, што значи дека ќе добие уште еден мандат.

Инаку Александер Чеферин дојде на челното место на УЕФА во септември 2016 година и од тогаш просто е недопирлив.

ПретходноЏани во тимот на годината во С.Арабија! (ФОТО)
СледноГолчиште за најавни шпици: Мајсторија на Манасков од зад грб (ВИДЕО)