Новак го совлада Шаповалов и закажа полуфинале со Медведев во Аделаида

104

Новак Ѓоковиќ го совлада Денис Шаповалов во четвртфиналето на АТП турнирот во Аделаида. Ноле го победи Шаповалов во два сета (6:3 и 6:4) во меч кој беше прекинуван во првиот сет поради огномет.

Одлучувачкиот момент се случи при водство на Србинот со 4:3, кога го „брејкнува“ противникот искористувајќи ги неговите сервис грешки. Тоа беше вовед во крај на сетот кој траеше час и една минута.

Во вториот Ноле водеше со 3:2, но Канаѓанецот направи пресврт и потоа застана. Српскиот тениски ас направи одлична серија и го доби мечот.

Новак во саботното полуфинале ќе игра против третиот носител, рускиот тенисер Данил Медведев кој во четвртфинлето во два сета го победи Карен Качанов (6:3 и 6:3). На другата страна полуфиналните парови се: Себастијан Корда (САД) и Јошишито Нишиока (Јапонија).

ПретходноКан: Сите освен Баерн пријавуваат загуби, очекуваме, конечно, да бидат изречени казни
СледноЈован Манев: Среќен сум што ја оправдав довербата на Монтела, сон ми е да играм за А-репрезентацијата на Македонија!