Еден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња, Перо Блажевски, ќе биде дел од стручниот штаб на Маџари.
„Во новата 2023 година влегуваме со уште поголема амбиции, а вклучувањето на легендарното крило во нашиот стручен тим е само доказ на големата желба за што побрзо напредување кон кошаркарската елита. Блажевски ќе работи заедно со првиот тренер Ивица Палевски и со неговиот помошник и исто така легенда на макбаскетот, Диме Тасовски“, известија од тимот, кој се натпреварува во Третата лига.
Блажевски е еден од кошаркарите со најголем број настапи за репрезентацијата на Македонија, а беше стрелец на победничките поени за МЗТ Скопје во историскиот триумф над Реал Мадрид во 1996 година. Како тренер работеше во Работнички, МЗТ Скопје, Кожув, а сега своето преголемо искуство и огромно знаење ќе го стави во служба на КК Маџари, кој е есенски шампион во Третата лига.