Ракометарите на „мегдан“ против Хрватска пред полни трибини!

381

Македонската ракометна репрезентација е во Пореч каде ќе ги одигра последните две пријателски средби во рамките на подготовките за Светското првенство во Шведска и Полска.

Прв противник на Кирил Лазаров и неговите избраници е селекцијата на Хрватска. Домаќинот ќе ужива во поддршката од своите навивачи, за оваа средба сите билети се распродадени, дуелот е закажан во 20:15 часот.

Македонија на овој натпревар, како и утрешниот против Израел во рамките на „Кроација Купот“ ќе биде без помошта на Филип Талески, кој го повреди скочниот зглоб пред неколку дена, како и без Никола Митревски. Искусниот голман доби дополнителна поштеда од Лазаров. На списокот на ракометари кои не отпатуваа за Хрватска не се најде ниту Цветан Кузманоски.

Нашите ракометари во недела треба да се вратат во Скопје каде ќе останат уште три дена, по што на 11 овој месец ќе заминат за Краков, градот домаќин на нашата група. На стартот на Мундијалот, Македонија ќе ги одмери силите со Норвешка (13.01), два дена подоцна е дуелот со Холандија, додека на 17. јануари е мечот против Аргентина. Првите три репрезентации од секоја група ќе се пласираат во главната рунда, последнопласираната ќе игра Президент Куп.

ПретходноПеро Блажевски дел од стручниот штаб на третолигаш!
СледноНаско Милев потпиша за Шкендија: „Дојдов во еден од најдобрите балкански клубови“