Македонскиот тренер Емил Рајковиќ со својата ЦСКА Москва ја продолжија победничката серија во руското првенство. „Армејците“ го совладаа Енисеј со 109:81 и стигнаа до 19. победа во шампионатот во исто толку натпревари.
Високата предност ЦСКА ја направи во последниот период кога одиграа максимално сконцентрирано и ја обезбедија победата од 28 поени разлика што беше и највисока на мечот. Рајковиќ пишува историја со ЦСКА, меле се пред себе и атакува на титулата во Русија.
ЦСКА е лидер со 38 бода, а втор е Уникс со два бода помалку. Трет е Зенит со 32 бода но има и меч помалку.
Standings provided by Sofascore