Сите пет претходни тренери на Челзи изгубиле од Пеп

85

Во рамките на 19 коло на Премиер лигата Манчестер Сити го совлада Челзи со 1:0. Резултатот го постави Ријад Марез со гол во 63.минута на асистенција на Грилиш.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола го победи стратегот на Челзи Грем Потер во првото соочување во Премиер лигата. Гвардиола всушност е првиот тренер кој ги совладал сите пет тренери на Челзи. Освен Потер тој ги победи и неговите претходници Томас Тухел, Франк Лампард, Маурицио Сари и Антонио Конте.

Сити му се приближи на Арсенал на чело на табелата на пет бода. Челзи е дури 10-ти на табелата.

ПретходноФилип Илиќ ќе брани за „Романтичарите“
СледноЗамалек се повлече од египетскиот шампионат: Не сакаме да учествуваме во оваа фарса