Соиграчите му се развикаа: Падни бе, глуми дека ти бапнале бокс, ќе ти свирнеа пенал (видео)

347

Во египетскиот шампионат се одигра мечот меѓу Замалек и  Ел Дахлеја кој заврши со резултат 1:1. Една комична ситуација се случи за време на дуелот кога Самсон Акинјола се обиде да дојде до топката, а од позади стартуваше противничкиот голман кој ја исфрли топката со тупаница.

На тоа соиграчите му се стрчаа на Акинјола викајќи му дека требало да падне на тревата и да глуми повреда за да му свирнат пенал. Тој остана „чесен“ и ги истрпи критиките.

 

ПретходноКлубовите се простуваат од Вијали: Неговите дела ќе се паметат, со Сампдорија го освои „Скудетото“, со Јувентус ЛШ
СледноРепрезентативец на Судан доаѓа во Работнички