Вечерва се одиграа четири натпревари од 17.коло во Евролигата. Анадолу Ефес на свој терен го победи Лион со 78:72. Изненадувачки гостите водеа по првите две четвртини, но турскиот тим предводен од Мициќ, 22 поени, успеа да го сврти резултатот и на крајот да зебележи победа.
Ц.Звезда одигра уште една драматична средба,но сепак сега со победнички крај. „Црвено – белите“славеа на гости кај Валенсија со 75:77. Во последниот напад Валенсија имаше шут за победа, сепак не успеа да погоди и со тоа составот на тренерот Душко Ивановиќ успеа да забележи значајна победа.Петрушев со 25 поени беше најдобар на средбата.
Олимијакос го „торпедираше“ Милано со 82:66.Речиси во текот на целиот меч,освен во вториот период, тимот од Пиреја беше далеку подобар тим и заслужено дојде до триумф. Најефикасен беше Питерс со 16 реализирани поени.
Реал Мадрид немаше никакви проблеми против Макаби и просто го декласираа. “Кралевите“ на свој терен успеа да слави блескава победа со 98:65. Корнели и Муса постигнаа по 18 поени, два помалку постигна Јабуселе.
РЕЗУЛТАТИ:
Анадолу Ефес – Лион 78:72
Олимпијакос – Милано 82:66
Валенсија – Ц.Звезда 75:77
Реал Мадрид- Макаби 98:65.