Шпанскиот судија Матеу Лахос се повлекува од професијата по завршувањето на актуелната сезона. Информацијата ја публикува аргентинскиот новинар Гастон Едул и ги обиколи сите водечки шпански медиуми.
Името на Лаос стана најозборуваното судиско име во светскиот фудбал во последните два месеци. Причина за ова беа натпреварите меѓу Холандија и Аргентина во четврт-финалето на Светското првенство и дербито меѓу Барселона и Еспањол во последното коло од Ла Лига. Во нив Лаос покажа вкупно 34 жолти и два црвени картони.
Само на мечот меѓу Холандија и Аргентина покажа 18 жолти картони (Дамфрис доби два жолти и беше исклучен) што претставува рекорд на Мундијалите. По мечот Меси беше огорчен на Лахоз и неговото контроверзно судење но не избувна затоа што знаеше дека ако продолжи да критикува ќе биде суспендиран.
На каталонскиот дуел покажа 15 жолти, меѓу предупредените беше и тренерот Чави. Исклучи двајца играчи Жорди Алба и Винисиус Коста.
Тешките критики кои ги трпи во последно време се една од главните причини поради кои судијата роден во Валенсија реши да се повлече на 45 години.
Ова се клубовите со најмногу жолти картони од Лахос. 151 жолт картон и три црвени покажал на играчи на Атлетико Мадрид. 115 жолти и 6 црвени имаат играчите на Атлетик Билбао, а 112 жолти и 4 црвени играчите на Барселона.