Фудбалскиот репрезентативец на Мартиник, Жан Мануел Недра заедно со својата партнерка биле фати на парискиот аеродром Шарл Де Гол со 100 килограми кокаин скриен во куферите на двајцата.
Недра кој има преку 20 натпревари за репрезентацијата на оваа карипска држава, бил фатен на аеродромот во последниот ден од 2022 година кога допатувал во Париз на пречек на Новата година.
Тој со партнерката се во затвор и ја чекаат пресудата од судот.
Недра, кој има 29 години, е капитен на Аиглон од Ламентин (Мартиник),претходно играл за локалните Голден лајон од Ст.Жозеф и Клуб Колонијал.
⚽️ Jean-Manuel #Nédra, joueur de la sélection Martinique et capitaine de l’Aiglon, a été arrêté à l’aéroport de Roissy avec sa compagne en possession de 100 kilos de #cocaïne.
Après une mise en examen, le joueur martiniquais a été écroué.
[@RCI] pic.twitter.com/kD8qrTyJzu
— Resca MQ/GP (@resca_mqgp) January 5, 2023