Македонската ракометна репрезентација го запиша вториот пораз во рамките на подготовките за настап на Светското првенство, откако на „Кроација Купот’“ беше поразена од Хрватска со 40-34 (22-19). Со ова продолжува негативната традиција кога станува збор за пресметките со оваа селекција, Македонија и со посилни и посиксуни состави губела.
Кирил Лазаров го немаше на располагање комплетниот состав, во Скопје останаа Филип Талески и Никола Митревски.
Манасков со девет гола беше најефикасен, седум даде Кузмановски, четири Јагуриновски, а по погодоци постигнаа Пешевски и Младеновиќ. На другата страна Мартиновиќ имаше осум гола.
Нашите ракометари го отворија мечот со голот на Георгиевски (0-1), Пешевски погоди за 1-2, по што Хрватска со серија од 4-0 поведе со 5-2 во шестата минута. Откако Манасков промаши пенал, се корегираше во следниот напад за 5-3. Македонија имаше голем проблем со одбраната, транзицијата не беше на висина на задачата. Противникот на брзина постигна девет гола и поведе со највисоки 9-4 по девет минути игра. Лазаров направи промена на голманската позиција, влезе Кизиќ на местото на Томовски.
Македонија најде начин да ја врати неизвеноста, со серија од 2-6 намали на 11-10, по што Хрвоје Хорват мораше да повика тајм-аут. И ова не беше се, со двата гола на Манасков, нашите момци изедначија на 15-15. Сепак домаќинот успеа да дојде на плус три (18-15), Лазаров повика тајм-аут. Џонов го прекина налетот за 18-16, но само на кратко. Хрватска ги врати највисоките плус четири 22-18, Кузмановски со првиот гол намали на 22-19 на одморот. Манасков постигна седум гола.
Македонија првиот гол во вториот дел го постигна после пет минути, Манасков од контанапад реализираше за 24-20. Нешто подоцна Павле Атанасијевиќ намали на 26-23, негативата од четири до три гола никако не успеавме да ја намалиме. Лазаров повика тајм-аут, но Хрватска зголеми на 29-24 пред средината на овој дел од мечот.
Со пеналот на Главаш, домаќинот за првпат дојде на плус шест (31-25). До крајот беше тешко, особено кога се игра против една селекција која има далеку посилен состав. Во последните десет минути, Хрватска влезе со плус седум 34-27 и најави дека оваа средба ќе заврши во еден правец. Сепак вавкиот расплет не ги демотивираше ракометарите, пред самиот крај Костески, Јагуриновски и Кузмановски намалија на 36-32, нешто подоцна Кузмановски и Петар Атанасијевиќ намалија на три гола разлика 37-34. На крајот, бројката на примени гола стигна до 40, ние дадовме 34.
Македонија утре, исто во 20:15 часот во Пореч ќе ги одмери силите со Израел. Ова е шанса за да нашите момци дојдат до победа за зголемување на самодовербата пред СП.