Екипата на Виљареал направи подвиг попладнево откако на домашен терен го совлада фаворизираниот Реал Мадрид со конечни 2:1, и на тој начин дополнително се доближи до местата кој следната сезона водат во Европа од Примера.
Домаќинот се надмина себеси и триумфираше над Реал, кој за прв пат во историјата настапи со стартен тим во кој немаше домашен шпански играч.
Пино погоди во 47. минута од мечот, а Бензема изедначи од пенал во 60. минута. Следуваше играњето со така на Алаба во сопствениот шеснаесетник, а досудениот пенал го реализираше Морено. До крајот Мадрид не успеа да ги искористи своите шанси, а ниту домаќинот да го дотолчи противникот. Даџума промаши ама буквално празен гол, затоа што Куртоа замина да помага при последниот корнер за Реал, но сеедно судијата во истиот момент досуди крај.