Ги одби Австријците и одлучи да настапува за хрватската репрезентација

299

ФИФА го известила Хрватскиот фудбалски сојуз дека го прифатила барањето за промена на државјанството на Роберт Љубичиќ што значи дека 23-годишниот играч на Динамо Загреб може да настапува за А селекцијата на Хрватска.

Љубичиќ во ноември 2022 година донесе одлука во иднина да игра за Хрватска, иако има настап за У21 селекцијата на Австрија. Фудбалерот од средниот ред е роден во Виена, а кариерата ја започнал во Ст.Полтен, од таму оди во Рапид Виена, за потоа летото 2022 година да дојде во Динамо Загреб. По одличните настапи за „модрите“ го побараа и Хрватска, но и Австрија, па младиот фудбалер мораше да се одлучи.

„Не беше лесно да донесам ваква одлука. Израснав во Австрија, таму фудбалски се развив и ги почитувам тамошните тренери и клубови. Но, Хрватска е во мојата крв, од таму е мојата фамилија и чувствувам желба да ја претставувам Хрватска во иднина. Им благодарам на ХНС и на Динамо за поддршката во текот на оваа постапка и ќе работам напорно за да го заслужам повикот на една од најдобрите фудбалски репрезентации во светот“, изјави Љубичиќ.

 

ПретходноДанило е херојот на Јуве (ВИДЕО)
СледноEте го и првиот стадион со името „Пеле“