Го добивме првиот стадион кој ќе го носи името на Пеле!

600

Само неколку дена откако претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, предложи секој член на оваа организација да именува барем еден стадион по неодамна починатата легенда Пеле, ја добивме првата земја што го стори тоа.

Станува збор за Зеленортските Острови, чија влада одлучи да го преименува Националниот стадион и да го именува по прославениот бразилски фудбалер, кој почина на 29 декември на 82-годишна возраст.

„Зеленортските Острови и Бразил имаат историја и култура кои одат рака под рака, имајќи предвид дека тие се две сестрински земји, поврзани со јазикот и многу слични идентитети. Кралот Пеле, роден Бразилскиот државјанин, кој набрзо стана планетарна фигура, масовна икона која покажува дека спортот има моќ да го обедини светот, сега наша желба е да му оддадеме почит. Нашата намера веќе и ја соопштивме на ФИФА бидејќи оваа институција го лансираше предизвикот и се надеваме дека наскоро ќе можеме да го извршиме овој симболичен чин“, напишаа премиерот на оваа земја на социјалните мрежи.

ПретходноЈокиќ со нов трипл-дабл испиша историја во НБА-лигата (ВИДЕО)
СледноКузмановски има топ во раката (ВИДЕО)