Кејн со убав гол за победа на Тотенхем во ФА Купот! (ВИДЕО)

121

Иако минимално, само со 1:0, сепак на рутински начин Тотенхем ја мина пречката во ФА Купот наречена –Портсмут. Стрелец на убав гол за победа беше капитенот Хари Кејн во 50.минута. Победа за пласман на тимот на Антонио Конте во 1/16 финалето во ова натпреварување.

На останатите мечеви од попладневната програма, Саутемптон како гостин славеше кај Кристал Палас со 1:2, Лестер на гостувањето кај Гилингам победи со 0:1, Престон со 3:1 го совлада Хадерсфилд, а Ридинг со 2:0 беше подобар од Ватфорд.

ПретходноИма договор: Роберто Мартинез ќе ја предводи Португалија!
СледноГлигор Шиков е нов стопер на Тиквеш