Денеска е извршена ждрепката за 1/8 финалето во Купот на Шпанија. Најлесен ривал доби Барселона, која ќе му гостува на третолигашот Сеута, додека Реал Мадрид немаше среќа. Имено “кралевите“ ќе ги одмерат силите против Вилјареал и тоа на гости. Секако дека на тимот на Анчелоти нема да му биде лесно ако се знае дека во последните шест години тие немаат победа на гости кај “жолтата подморница“.
Ова се двојките од 1/8 финалето, мечевите ќе се играат од 17 до 19јануари:
Сеута-Барселона, Леванте – Атлетико Мадрид, Спортинг Хихон- Валенсија, Алавес – Севиља,Бетис –Осасуна, Вилјареал – Реал Мадрид, Сосиедад –Мајорка, Билбао – Еспањол.