Лазаров: Делумно можеме да бидеме задоволни, треба да знаеме како се добива меч!

322

По поразот од Хрватска од (40-34), македонската ракометна репрезентација вечерва (20:15 часот) го игра вториот меч на “Кроација Купот“, за противник има уште една квалитетен селекција – Израел.

Овој пријателски натпревар ќе биде последна контрола пред стартот на Светското првенство во Шведска и Полска. Македонија синоќа покажа добри и лоши страни, проблем беше одбраната, која прими 40 гола.

„Добредојден контролен натпревар со одличен противник на гостински терен пред полна сала. Делумно можеме да бидеме задоволни од начинот на игра, но не и од комплетниот натпревар. Треба да знаеме како се добива меч со квалитетен противник, а тоа ни малку не е лесно. Не смееме да се задоволуваме само со квалитетна претстава. Натпревар се игра да се победи. Ме интересира денеска како ќе изреагира тимот, како ќе одигра втор натпревар против квалитетен противник во само 24 часа. По ова овој меч ќе имаме комплетна слика“, ни изјави Лазаров.

Македонската ракометна репрезентација првиот меч на СП го игра на 13. јануари против Норвешка, два дена подоцна ќе се сретне со Холандија, додека на 17. јануари против Аргентина ја завршува групната фаза која се игра во Краков.

ПретходноКузмановски има топ во раката (ВИДЕО)
СледноХрватска ја победи Македонија, но Хорват призна: Глава ме боли од резултатот, многу им дозволивме!