Искусниот голман Јан Зомер нема да ја напушти Борусија Менхенгладбах оваа зима откако тоа не го дозволи клубот. Иако се шпекулираше дека Баерн ги завршил преговорите и швајцарскиот голман ќе дојде на „Алијанц“, сепак, спортскиот директор на Менхенгладбах Роланд Виркус посочи дека на Зомер не му е дозволено да си оди во јануари.
„Нема да му дозволиме на Јан Зомер да си оди во јануари. Тоа им го кажавме и на Баерн“, изјави Виркус за „РП Онлајн“.
Тоа значи дека од Менхенгладбах планираат да го задржат 34-годишниот чувар на мрежата до крајот на сезоната кога и му истекува договорот.
Според некои информации од Германија, Баерн ќе се обиде да го донесе Алекс Нибел, голманот на Монако. Тој е поранешен чувар на мрежата на Шалке 04.