До вчера Ал Наср беше познат клуб во Азија, а по доаѓањето на Кристијано Роналдо името го дознаа многу фудбалски љубители ширум светот. Вчера Ал Наср го совлада Ал Тае со 2:0 во првенството на Саудиска Арабија со двата гола на Талиска. Роналдо не беше во протоколот, тој ќе дебитира на некој од наредните мечеви.
По мечот во соблекувалната се спречкаа Талиска и камерунскиот напаѓач Винсент Абубакар. Прво двајцата вербално се расправаа, а за малку ќе дошло и до физичка пресметка. Камерите го „уловија“ Камерунецот како урла и потоа тргна да се пресмета со Бразилецот.
Абубакар го одигра последниот меч за Ал Наср. Тој го напушта клубот за да му ослободи место на Роналдо.
Aboubakar soyunma odasında Talisca ile tartışıtı pic.twitter.com/BQ5xJYIVP8
— Kartal Dergi (@KartalDergi) January 6, 2023