Проблемот на Роналдо конечно е решен – допрва почнува лудилото!

370

Кристијано Роналдо синоќа конечно беше пријавен како играч на Ал Наср и португалската ѕвезда ќе биде подготвена за следните предизвици на својот тим, но најверојатно поради суспензии на ФИФА нема да биде на натпреварот против Ал Шабаб.

Роналдо кој пред неколку дена потпиша две и пол годишен договор вреден 200 милиони евра по сезона, нема да игра на натпреварот против Ал Шабаб на 14 јануари поради суспензија од два натпревари од Премиер-лигата, па неговото деби во новиот клуб најверојатно ќе биде на 22 јануари.

Тогаш Ал Наср ќе се сретне со екипата на Етифак во мечот од 14. коло и нема дилема дека и за овој меч, како и за сите останати, ќе се бара карта повеќе.

ПретходноСкандалозно: Полјаците ги молеле Аргентинците на 2:0 да намалат малку со нападите!
СледноНовак го “скрши“ Медведев и се пласира во финалето во Аделаида!