Ракометарите победнички кон СП: Израел совладан во Пореч, Манасков го почести со 11-ка!

658

Македонија: Манасков11, Кузмановски 6, Пешевски 3, Георгиевски 4, Јагуриновски 4, Павле Атанасијевиќ 1,Томовски 1, Серафимов 2, Костески 1, Стојковиќ 1, Младеновиќ 2, Петров: 2. 

Македонската ракометна репрезентација со победа го затвори делот на контролни натпревари пред стартот на Светското првенство во Шведска и Полска. Избраниците на Кирил Лазаров вечерва против Изреал славеа со 38-37 во последниот меч на „Кроација Купот“.

Ова беше уште една средба со многу голови, Македонија во нападот нема проблеми, ќе треба да се наштима одбраната пред Мундијалот. Сепак триумфот се брои, истиот е важен за билдање на самодовербата пред тешката мисија во Краков.

Манасков со 11 гола беше прв стрелец, зад него беше Кузмановски со 6 гола, по четири имаа Георгиевски и Јагуриновски.

Нашите ракометари доминираа во првото полувреме. Дуелот го отвори Манасков (1-0), кој и овој пат беше лидер, постигна седум гола во првите 30 минути. По 1-1, Кузмановски и Павле Атанасијевиќ зголемија на 3-1. Во деветата минута Македонија поведе со 9-5, оваа позитива ја одржуваше до 18. минута кога по една серија од 4-0 поведе со 18-11. Овој дел транзицијата беше перфектна, па Мансков од седум метри уште еднаш зголеми на плус седум (19-12). Израел успеа да ја стопи големата негатива, Лазаров ги врати во игра Кузмановски и Пешевски. Голманите повторно беа под нивото, а одбраната имаше проблеми, на одморот беше 23-19.

Во второто полувреме првиот гол го постигнавме после две и пол минути, на почетокот нашите момци влегоа во мини серија на грешки, но Кузмановски не му дозволуваше на противникот да го загрози резултатот (25-21). Кизиќ фати две живи топки, а Костески и Мансков зголемија на плус пет (27-22) во 37 минута.

Позитивата од пет гола, ракометарите ја имаа на средината на второто полувреме, во листата на стрелци се запиша Стојковиќ за 31-26. Израел правеше притисок, успеа да дојде на минус три (31-28 и 33-30), а потоа да се најде на напад до реми. Лазаров во последните пет минути повика два тајм-аута, Израел успеа да се доближи на 38-37, но не и да се избори за нерешено.

Македонија се враќа во Скопје, за Краков ќе замине на 11. јануари, ќе има доволно време за ги направи последните корекции пред стартот на СП.

ПретходноЊукасл елиминиран од ФА купот од третолигашот Шефилд Венздеј
СледноВегхорст оди на позајмица во Манчестер Јунајтед