И противниците на македонската ракометна репрезентација на претстојното Светско првенство овој период го користат за контролни натпревари. Еден од нив е селекцијата на Холандија, име со кое ќе ги одмериме силите на 15.јануари.
Овој противник денеска беше совладан од Чешка со крајни 33-30. Холандија одигра слабо во првото полувреме во кое имаше негатива од пет гола 17-12. Со овој пораз „лалињата“ завршуваат со контролните мечеви, претходно беа убедливо совладани од Франција.
Колку за потсетување, иако не е вистинско мерило, Холандија беше поразена од репрезентацијата која беше последна пречка за Македонија на патот кон Светското првенство.
Македонија вечерва ја игра последната контролна средба, во Пореч (20:15 часот) ќе ги одмери силите со Израел.