Скандалозно: Полјаците ги молеле Аргентинците на 2:0 да намалат малку со нападите!

3317

Се чини дека и покрај фактот што ФИФА јавно се произнесе дека немало наместени мечеви на СП во Катар, сепак не било се така мазно на Мундијалот. Имено на средбата Аргентина – Полска од групната фаза, се случил скандал.

Ова го открива Николас Таљалафико, бекот на “гаучосите“. Тој открива дека еден репрезентативец на Полска, не го именувал, просто ги молел Аргентинците да намалат малку со нападите при резултат 2:0. Тој резултат им одговарал и на двете селекции за пласман во следната фаза и не морало Аргентина да победи со поголема разлика.

Познато е дека во елиминациската фаза се пласираа токму Аргентина и Полска, додека Мексико и С.Арабија мораа да се вратат дома.

ПретходноОфицијално: Дешамп селектор на Франција до 2026!(ФОТО)
СледноПроблемот на Роналдо конечно е решен – допрва почнува лудилото!